37.8 C
Skopje
Sunday, July 14, 2024

ВЛАДАТА СЕ ПРЕМИСЛИ: Наместо Мехмеди за директор на М-НАВ го предлага Хекуран Асани

Откако во медиумите излезе информацијата дека предлогот на Владата за директор во М-НАВ, Илир Мехмеди не ги исполнува условите за таа позиција, од Владата се предомислија и наместо Мехмеди сега го предлгаат Хекуран Асани.

Имено, Мехмеди немал валидна дозвола за надзорен контролор за летање ниту, пак, имал најмалку шестгодишно работно искуство како контролор, објавија медиумите.

Новиот предлог – Хекуран Асани, е активен контролор на летање во М-НАВ и, според проверките, ги исполнувал барањата предвидени со Статутот на М-НАВ.

Промените во раководството на М-НАВ доаѓаат по насилниот упад на осуммина осомничени на чело со Беким Незири советник на директорот на ова акционерско друштво.

Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) утре нема да го затворат македонскиот возушен простор, а штрајкот најавен за утре останува во мирување, откако Владата денеска му препорача на Надзорниот одбор во Македонска навигација М-НАВ да ги разреши претседателот на Управниот одбор на М-НАВ Фахрудин Хамиди и секторскиот извршен директор во М-НАВ Љубе Стаменковски

поврзани објави

Последни објави