4.8 C
Skopje
Friday, February 23, 2024

Во СДСМ превирања: Заев со ултиматум до Ковачевски – тој не помислува на оставка

Период на превирања во СДСМ, велат партиски извори за ТВ21.

Како што објавивме вчера поранешниот лидер на СДСМ и премиер, Зоран Заев му поставил ултиматум на Ковачевски да се повлече од лидерска позиција во партијата до 28-ми јануари.

СДСМ сака широка коалиција, Европаки Фронт, поточно со заеднички листи со ДУИ и Алијанса за Албанците и заеднички претседателски кандидат, кој би бил поддржан од сите овие партии уште во првиот круг. Иако начелно Али Ахмети се согласуваше на ова, сега ситуацијата се менува. ДУИ наводно се против, иако според извори на ТВ21 Ахмети се уште ја држи како отворена и оваа варијанта.

Проблемот сега е што ДУИ размислува за свој кандидат за претседател, поради тоа што не сака да остави празен простор на албанската опозиција да поентира со единствен кандидат Албанец. Како што е познато, Европскиот сојуз за промени, односно здружената албанска опозиција ќе има свој кандидат за претседател.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -