37.8 C
Skopje
Sunday, July 14, 2024

Споделете и помогнете: Почина млад Македонец во странство – се собираат донации за помош на неговото семејство

Во Италија ненадејно почина Ванчо Арсов – Шани од Делчево. Најблиските апелираат за помош. Тој е втор нашинец кој за една недела почина во странство.

Во објавата се вели:

-Здраво, јас сум Сузана собирам донации за фамилијата на мојот зет Ванчо Арсов. Тој ненадејно почина на ден 11.01.2024 година од срцев удар.

Мојата золва, со две малолетни деца се најде во непредвидена ситуација со многу финансиски трошоци кои не може сама да ги покрие.

Од овие причини Ве замолувам кој колку е во можност да донира за да можеме барем малку да и помогнеме во овие тешки моменти, кога остана сосема сама со две малолетни деца.

Ви благодарам многу! Секој што сака да донира, може да го направи тоа со клик – ТУКА.

поврзани објави

Последни објави