7.8 C
Skopje
Wednesday, February 28, 2024

ВМРО-ДПМНЕ КОЧАНИ: Повеќе сликање и импровизирање, помалку конкретно подобрување на состојбите на Универзитетскиот институт за радиологија каде се третираат пациенти од цела држава!

❗️Повеќе сликање и импровизирање, помалку конкретно и суштинско подобрување на состојбите на Универзитетскиот институт за радиологија каде се третираат пациенти од цела држава
❗️Без соодветна грижа за кадар е оставен и овој Институт единствен од ваков вид во државата, а како резултат на негрижата во кадар читањето резултати од соодветните дијагностички процедури трае со месеци, а тоа е клучно за натамошниот третман
❗️Новиот мамомат со кој се сликаат здравствените власти се монтира во импровизиран простор кој дури не може и да се нарече просторија
👉Просторот е преграден само со еден ѕид од каде излегуваат рефрактирачки зраци и се зрачат пациенти кои прават прегледи или третман на некој од другите оддели
❗️На Институтот за радиологија кровот протекува во соба за технолози и истиот е пред распаѓање, но мерки не се преземени
❗️Во просторијата КТ 2 вратите не се затвораат во целост и постои опасност од ширење радијација
❗️Во просторијата МР2 нема греење во ходникот и деновите кога има деца за кои е неопходна анестезија, тие мрзнат односно се третираат во недостоинствени и нехумани услови
❗️За сликање и промовирање служат само просториите каде се сменети прозорците и подот до лекарската соба, досека сите други подови се стари

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -