7.8 C
Skopje
Wednesday, February 28, 2024

Коцевски: Познавајќи го Христијан Мицкоски, убеден сум дека Македонија ќе има премиер кој ќе ја врати на нејзиниот вистински пат кон развојот!

Со идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестираме повеќе во спортот, не само во Гази Баба, туку во цела Македонија.
Станува збор за капитални инвестиции на годишно ниво, јас сум голем љубител на спортот, во срцето ми е Вардар, јас сум еден од поголемиот број од оние кои беа основачи на „Комити“. ВМРО-ДПМНЕ има план да го врати Вардар како најтрофен клуб во Република Македонија. Иако, јас морам да напоменам дека ги сакам сите македонски клубови, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Коцевски во неговото гостување во емисијата „Шеш-Беш“ на Радио Лидер.

Дојдоа СДСМ, избркаа се што може да се избрка, отиде и ракометот, отиде и фудбалот. Уништија се!

Коцевски вели дека Македонија има спортски дух, а сето она кое што ни е потребно е визија и реална инвестиција во спортот.

Во емисијата Коцевски изрази отвореност кон сите граѓани и подготвеност за средба со било кој граѓанин, бидејќи како што вели, тој е претставник на граѓаните на Република Македонија.

Коцевски рече македонските национални интереси се нешто за кое тие како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ се залагале и ќе се залагаат во иднина.

Познавајќи го претседателот Христијан Мицкоски, сум убеден дека за кратко време ќе ги покажат резултатите. Треба да се вратиме на 0 бидејќи се е уништено, а потоа да почнеме да ја враќаме Македонија на нејзиниот вистински пат, кон развојот, истакна Коцевски.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -