10.8 C
Skopje
Saturday, February 24, 2024

Одземен му е пасошот откако прегази жена кај Табановце: Српскиот пејач Ѓорѓе Давид не смее да ја напушти Македонија!

Кумановското обвинителство определи мерки на претпазливост и привремено му го одзеде пасошот на српскиот пејач Ѓорѓе Давид, кој учествуваше во тешката сообраќајна несреќа во која загина 49-годишна кумановка пред граничниот премин Табановце, соопшти денеска Обвинителството.

„По предлог на Основното јавно обвинителство Куманово на странскиот државјанин кој учествуваше во тешката сообраќајна несреќа кај Табановце му се определени мерки на претпазливост – привремено одземање на патна и друга исправа (лична карта и возачка дозвола) за преминување на државната граница и обврска да се јавува во Судот“, соопшти Обвинителство.

Претходно, СВР Куманово информираше дека во сообраќајната несреќа што се случи завчера на автопатот Куманово-Табановце на два километри пред граничниот премин, околу 20: 00 часот, учествувале три автомобили, од кои едниот со српски национални ознаки.

Во сообраќајката учествувале патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(24) од Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(45) од Куманово и патничко возило „опел инсигниа“ со српски национални ознаки, управувано од Ѓ.Н.(59) од Република Србија. Во несреќата, од здобиените повреди починала Љ.Т.(49) од Куманово, сопатничка во возилото „поло“, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Куманово. Со тешки телесни повреди се здобиле В.П. и Б. Т, а со телесни повреди се здобил Ѓ.Н., констатирани во болницата во Куманово, информираше полицијата.

Според првичните сознанија на Обвинителството, прво настанал судир меѓу автомобилите со македонски национални ознаки, бидејќи, едно од возилата влегло на автопат во недозволена насока. Откако жената излегла од автомобилот во неа налетало возилото со српски ознаки. Од здобиените повреди, кумановката починала.

Обвинителството издало наредба за обдукција на починатата и за испитување на примероци од крв и урина кај другите учесници во несреќата. Прибрани биле и траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење со цел прецизно да се утврдат причините за сообраќајната несреќа.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -