21.8 C
Skopje
Saturday, July 13, 2024

СО БЕБЕТО ДОЈДЕ НА ГЛАСАЊЕ ВО СОВЕТОТ НА СКОПЈЕ Симпатичен гест на советничката од ЛДП

Советничката од ЛДП Теодора Крстевска дојде со своето бебе во Советот на Град Скопје за да гласа за одлуката за субвенционирање на ЈСП, која е неопходно да се изгласа за вработените во ова јавно претпријатие да добијат плати.

Се очекува седницата да продолжи по паузата од 30 минути, која беше побарана од страна на координаторката на СДСМ во Советот на Град Скопје Љубица Јанчева.

Додека заседаваа советниците, вработени во ЈСП протестираа пред општинската зграда на Град Скопје, а изутрината автобусите на градското сообраќајно претпријатија возеа само до 9.00 часот. Тие најавија дека Скопје ќе остане целосно без јавен превоз доколку не им бидат исплатени заостанатите плати.

поврзани објави

Последни објави