4.8 C
Skopje
Friday, February 23, 2024

ЦУК: Родителот побарал помош за синот кој повеќе не се јавувал откако тргнал на прошетка по Водно

ЦУК: Родителот побарал помош за синот кој повеќе не се јавувал откако тргнал на прошетка по Водно

Вчера е најдено лицето по кое се вршеше потрага на Водно, соопшти денеска Центарот за управување со кризи. Во информацијата се наведува дека од Единствениот број за итни случаи 112 била добиена пријава, вчера попладне, при што родителот побарал помош за синот.

-Синот, одејќи на прошетка по Водно, се лизнал и најверојатно паднал и повеќе не се јавувал. Телефонот му бил бил исклучен, а повикувачот не знаел, точно во кој дел може да се наоѓа синот. Од ЦУК веднаш биле известени службите од Црвен Крст за натамошна постапка. Во 14:55 часот од страна на Црвен Крст е добиено известување дека лицето е лоцирано и дека веќе е со неговиот родител на Средно Водно и дека се е успешно завршен, соопшти ЦУК.

Инаку, во информацијата се наведува дека во последното деноноќие имало вкупно 1.647 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 37,95 отсто, а 62,05 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон полицијата биле упатени 44,63 отсто, кон Итната медицинска помош 47,11 проценти, а кон пожарникарите 2,48 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Извор: Скопско Ехо – линк ОВДЕ

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -