13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Министерот за внатрешни работи Панче положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата “Св Спас” во Скопје

По повод одбележувањето на 152 години од раѓањето на македонскиот револуционер, учител и визионер Гоце Делчев, денес заедно со Vlado Misajlovski, Марија Митева и Велика Стојкова-Серафимовска положивме цвеќе на неговиот гроб во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Сеќавањето на годишнината од неговото раѓање е чествување на вредностите за кои тој се бореше, а неговиот лик и дело ќе продолжат да живеат во нашата колективна меморија.

Гоце Делчев остави неизбришлив траг во македонската историја, неговиот дух и силна желба за слобода се аманет кој и понатаму со гордост ќе продолжиме да го чуваме и негуваме, оставајќи непроценливо наследство за идните генерации.

поврзани објави

Последни објави