13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Коцевски: Силата на ВМРО-ДПМНЕ произлегува од нашата љубов кон Македонија и македонскиот народ, доаѓа нова ера и ПОБЕДА за ВМРО и Македонија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Коцевски со фејсбук статус преку кој испрати порака до граѓаните на Македонија:

Почитувани граѓани,

Вие многу добро знаете дека ова не се само обични парламентарни и претседателски избори. Вашата одлука е исклучително важна. Ние не гласаме само за наши пратеници, наш премиер и наш претседател на Македонија, туку ние сите заедно одлучуваме за тоа во каква држава сакаме да живееме по изборниот ден. Вие го имате последниот збор. И јас како пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и како човек кој си ја сака својата татковина сум длабоко убеден дека вашиот збор ќе биде казна за луѓето кои веќе седум години ја уништуваат државата. Силата на ВМРО-ДПМНЕ произлегува токму од Вас, граѓаните, но и од нашата љубов кон нашиот македонски народ и нашата прекрасна Македонија!

Сите Вие знаете каде бевме пред седум години, а каде сме денес! Сите Вие, преку вашето секојдневие знаете колку лошо се живее во Македонија под водство на СДС и ДУИ! Сите Вие знаете колку неправди се нанесоа на македонскиот народ во изминатите седум години владеење на оваа ненародна власт! Тие знаат само да палат, укинуваат и уништуваат!

Преку нашите секојдневни средби со Вас, македонските граѓани, знаеме и сме уверени дека казната за нив доаѓа! Нема човек во Македонија, кој може да каже дека државата оди во правилна насока.

СДС стана партија која нема никакво достоинство, група на луѓе кои никогаш не ги исполнуваат своите обврски! Затоа се константни во едно – да продаваат ветер и магла, мислејќи дека граѓаните ќе им веруваат!

Новата ера, новата надеж на чело со нашиот лидер Христијан Мицкоски доаѓа!

Бидете подготвени, бидете храбри, бидете со нас! За Македонија и македонскиот народ се работи!

ВМРО победува, Македонија воскреснува!

поврзани објави

Последни објави