7.8 C
Skopje
Thursday, February 22, 2024

ОФИЦИЈАЛНО: Левица објави – професорката Ванковска ќе биде кандидат за претседател од нашата партија!

Првиот круг од трката за шеф на државата ќе се одржи на 24 април, а вториот круг ќе биде заедно со парламентарните избори на 8 мај. ,,Левица” e првата партија која го соопшти својот кандидат за претстојните избори.

Денеска е голем ден за нас, како Левица за прв пат обзнануваме претседателски кандидат и мислиме дека го имаме најдобриот кандидат, професорката Билјана Ванковска, кажа претседателот на партијата Левица, Димитар Апасиев.

– Сметаме дека партијата стигна до ниво, го полага матурскиот испит, тоа е наредното собирање на десет илјади потписи кое планираме да го финишираме успешно и да го имаме според нас, најдобриот кандидат. Дојдено е времето народот да ја препознае разликата и да препознае кој се бори храбро и чесно за интересите на Република Македонија. Со избор помеѓу двете помали зла стигнавме до ова дереџе. Чувствуваме должност да извадиме квалитетен кандидат на овие избори, изјави Апасиев, пренесува МакФакс.

Тој кажа дека повеќе имиња биле во игра, но најдобриот скор го имала професорката Ванковска.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -