-1.2 C
Skopje
четврток, декември 11, 2025
spot_img

Стигнаа обрасци за пасоши но само за итна постапка, за кои се плаќа три пати поскапо

spot_img

Стигнаа обрасци за пасоши но само за итна постапка, за кои се плаќа три пати поскапо

Граѓаните кои имаат термин за издавање пасош по итна постапка и лицата со медицинска потврда наскоро ќе добијат нови патни исправи. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека до нив стигнале 20 илјади обрасци.

Тоа значи дека во наредниот период пасош ќе има само оној што платил и три пати поскапо, останатите ќе чекаат.

Тошковски тврди дека земјава е во ваква ситуација поради неработењето на претходното раководство. Неговиот заменик пак кој доаѓа од редовите на СДСМ, Митко Бојмацалиев, не гледа дека има застој во издавањето документи.

поврзани објави

Последни објави