Во истражување спроведено од магазинот „Sexual and Relationship Therapy“ било поставено прашањето колку често и поради која причина мажите глумат оргазам, прашање на кое учествувале 458 мажи помеѓу 18 и 29 години.
Повеќе од половина или 230 од мажите истакнале дека барем еднаш во последните четири месеци глумеле оргазам, а тоа го прават речиси секој четврт пат кога имаат секс.
Според дел од одговорите, тие глумат оргазам од повеќе причини:
-Партнерката недоволно секусално ги привлекува
-Бидејќи не се расположени за секс
-За да не ги повредат чувствата на партнерката
-Поради огромното количество на алкохол кое го конзумирале пред сексот
-Поради претходно лошо секусално искуство
И ако митот е дека жените глумат оргазам, тогаш со ова истражување и дефинитивно се потврдува – и мажите глумат оргазам.