Македонската пејачка Елена Ристеска во соработка со Хари Мата Хари направија музички дует за песната „Још ме плашиш“, за која излезе и видео записот направен во Скопје и Белград.
Музиката на песната е дело на самиот Хари, за текстот се погрижи триото Алма Абдагиќ, Ален Лемешевиќ и Фахрудин Пецикоза. Аранжманот е дело на Дарко Димитров.