5.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

Голак се уште гори – состојбата критична

Пожарот што започна вчера попладне и зафати 100 хектари борова шума на Голак е се уште активен.
Јордан Димитровски, директорот на јавното претпријатие за шумско стопанство „Голак“ истакна дека состојбата со пожарот е критична и засега, по слободна проценка, е зафатена борова шума со површина над 100 хектари, а во гаснењето ангажирани се екипи од подружниците на јавното претпријатие „Македонски шуми“ од Берово, Пехчево, Македонска Каменица и Делчево, противпожарни екипи од регионот, како и од делчевското комунално претпријатие.

Пожарот зафатил површина од 20 хектари со ретка борова шума, а потоа се проширил кон делчевски Истевник, но и Пехчево и Берово.

Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека се ангажираат и просторните сили, а се помага и со опрема.

Причините за пожарот се уште не се познати, а надлежните не ја исклучуваат можноста предизвикувач на истиот да е токму човечкиот фактор. 

поврзани објави

Последни објави