Синоќа завршија претседателските избори во Србија, а веќе денес стотина граѓани излегоа на улиците во Белград и Нови Сад да изразат незадоволство од резултатите.
Протестот кој се организирал преку социјалните мрежи е пред се поттикнат од млади луѓе, кои неколку часови го блокирале и движењето низ главниот град на нашиот северен сосед.
Масата скандирала против Александар Вучиќ, актуелниот премиер и новоизбран претседател на државата. Кој е официјалниот организатор на протестите не е познато.