6.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ и народот во Македонија ќе има жестока реакција доколку СДСМ се обиде неделовнички да бира претседател на Собранието

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска ги предупреди Социјадемократите дека ВМРО-ДПМНЕ ќе одговори жестоко доколку тие се обидат на неделовнички начин да назначат претседател на Собранието, нагласувајќи дека и народот нема да седи со скрстени раце.

„Доколку СДСМ влезе во сценарио на неправно, незаконско, недемократско и неделовничко однесување во Парламентот треба да знае дека ВМРО-ДПМНЕ ќе реагира остро, а треба да очекува дека и народот во Македонија ќе има сериозна реакција, според она што можеме да го видиме деновиве. Тоа би било голема грешка на СДСМ во правец на нарушување на деомократијата и стабилноста во Република Македонија, рече Груевски во одговор на новинарско прашање по посетата на новата спортска сала во Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје.

Народот знае дека на Заев му е испорачана фактура која сам ја договорил и дека киријата му е висока, но народот и државата не се должни да ја плаќаат неговата фактура и тој треба да го знае тоа“, потенцира Груевски.

Тој додаде дека го предупредува лидерот на СДСМ, да не си поигрува со демократијата во Македонија и со народот, бидејќи оваа држава не е негова, туку на народот.

„Тој не може зад грбот на народот да договара одредени сценарија и платформи од туѓи држави и тоа после избори, откако ги поминал изборите и ги исполажал луѓето дека нема ништо од прифаќање на двојазична држава, кантонизација,… Откако добро ги исполажа луѓето дека сето тоа било само во мојата глава и дека измислувам во време на кампања, Заев две недели после изборите излезе и почна да ги кажува работите кои ги договорил и за кој презел обврски“, посочи Груевски

поврзани објави

Последни објави