14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Докажано: Instagram Stories е повеќе популарно од Snapchat

Facebook минатата година на својата апликација Instagram ја додаде опцијата Stories со што директно започнаа да му конкурираат на Snapchat како и да му „крадат“ корисници. После осум месеци им успеја бидејќи заклучно со 13. април, тие имаат повеќе корисници на дневна база отколку Snapchat.

Станува збор за 200 милиони корисници на Instagram, наспроти 170 милиони кои ги има Snapchat. Ситуацијата е проблематична бидејќи очигледно Instagram Stories е копија на Snapchat Stories, па дури е чудно како успеаја неказниво да ја преземат, прилагодат и понудат опцијата на корисниците. Така што, веќе е факт дека работењето на Snapchat сериозно се нарушува.

Тие имаа фантастична 2016 година, а после новитетот на Instagram за само половина година растот им се успори за 82%. После првиот квартал Snapchat имаа 122 милиони корисници на ден што во однос на претходниот квартал тоа се 14% раст. Потоа следниот квартал кој се покажа како најдобар во историјата на оваа млада социјална мрежа, имаа 143 милиони корисници на ден или 17,2% раст.

Snapchat е далеку од пропаст секако бидејќи потенцијалот е голем, но мора сериозно да го променат досегашниот пристап за да опстанат со таков моќен конкурент како Instagram.

поврзани објави

Последни објави