11.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

Редукција на алтернативите

Не е секој ден сончев..
Не е секој ден врнежлив..
Нит па секој еден насмеан..
Или расплакан..
Не е се црно бело..
Нит па бело црно..
И нутелата може да биде бела..
И еврокремот сив..
Зависи од перцепцијата..
Кафето се пие горко..
Рекол некој..
Другите пијат кафе со мед..
Третите ја би рекол шербет..
Се зависи од моментот демек..
Абе има премногу моменти..
Моменти кога се одлучуваш денеска..
Дали ќе се смееш или плачеш..
Нормално првата опција е одлична..
Само не можеш секој ден да си насмеан..
Не можеш секој ден да бидеш оној асот од ракав што го вадат сите..
Јас не можам да те гледам тебе ко да си мојот ас..
Ти си мојот ас..
Јас не можам да те гледам тебе како единствена за мене..
Ти си таква..
Јас не можам да те запазам секој ден како си облечена..
Јас те гледам..
И те манијачам..
И те коментирам..
И ти свиркам..
Јас не можам да одлучувам за нас..
Веќе е одлучено..
Твојата коса..
Твоите очи..
Твојот говор..
Твојата перверзија..
Твојата ХАРИЗМА..
Твојата енергија..
Ја намали и прошири мојата перцепција за жената..
Каква треба да биде..
Каква е..
Како да се облекува..
Како да се однесува..
Имав повеќе алтернативи..
Да не речам премногу..
Од вишок глава не боли..
Ама ти..
Ти го направи она што ниедна не успеа..
Ти успеа да стигнеш до тука..
Ти си мојата редукција на алтернативите..

Автор: Златко Ѓорѓијоски

поврзани објави

Последни објави