fbpx
17.8 C
Skopje

ГРАБЕЖ на манастирот Св Богородица Балаклија – Со секира го скршил стаклото од вратата па тргнал да краде

АКТУЕЛНО

Верскиот објект во Делчево – Манастирот Св. Богордица Источен петок Балаклија е повторно цел на кражби.

Откако претходно беа украдени иконите на Света Богородица, иконата на Свети Јован Златоуст, иконата на Исус Христос, денеска крадецот со секира го скршил стаклото и влегол во манастирот, при што украл икона. Од првичните информации дознаваме дека сторителот е уапсен, а полицијата од СВР Делчево е на увид.

Од информациите со кои располагаме дознаваме дека сторителот во текот на изминатите денови бил приведен од страна на полицијата за обид и за други кражби, па откако бил пуштен на слобода, истиот повторно се впуштил во кражба, овој пат, на манастирскиот комплекс Св. Богородица Балаклија.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -