Самохраните мајки ќе имаат можност за вработување преку проектот „Програма за самовработување на самохрани мајки“ што го организира бизнис конфедерацијата на Македонија во соработка со Институтот за менаџмент поддршка и Здружението на бизнис жени на Македонија.
Таргет-група на проектот се самохраните мајки, невработените жени и жртвите на семејно насилство.
Проектот има за цел да развие поддршка за вработување или самовработување на самохрани мајки и жртви од семејно насилство.