САД планира да ја скрати финансиската помош за држави како Украина. Во американските планови влегува и обединување на Стејт департментот и Агенцијата за меѓународен развој, која и така е дел од неговата структура.
Во минатата година САД издвоиле 16 960 396 долари за помош односно за развој на странски држави. Токму оваа сума ќе се скрати со 30.8% или со 5. 219 246 долари. Вкупната помош за Украина на пример ќе се намали за 68.8 % или 393 000 долари на 177. 800 долари.
Ограничувањето на финансиската помош може да влијае и на земји како Азербејџан, Белорусија, Туркменистан, Казахстан и Куба. Од американското надворешно министерство и Агенцијата за меѓународен развој одбија да коментираат овие чекори.