8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

„Спас за Валандово“ бара распишување на референдум – најавуваме радикализација на отпорот доколку не се исполнат нашите барања

Граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ денес од 18 часот во Валандово повикува на јавен собир за мирно изразување и споделување на мислења и ставови на граѓаните од Валандово.

Тие поднесоа писмено барање до општината за распишување на референдум за отварањето на рудник во областа Казандол. Откако претходно, граѓаните на Гевгелија негативно одговорија на референдумот во недела за отварање на рудници за злато, сега и жителите на Валандово преку невладините организации покренуваат ваква инцијатива.

„Нашето барање за референдум воопшто не е поставено на дневен ред на седницата закажана за четврток.
Иницијативата „Спас за Валандово“ најавува радикализација на отпорот доколку ниту едно од овие наши барања не се исполни!

Нашите активисти ги посетија сите советници на општина Валандово со барање да ја поддржат иницијативата за распишување на референдум за влезот на тешката и загадувачка индустрија во овој претежно земјоделски регион.
Како граѓанска иницијатива, сметаме дека е неопходно граѓаните да го кажат своето мислење, и да го дадат својот глас, за или против отворање на рудник или било каков вид на тешка индустрија во општината.

Согласни бевме со повеќето од советниците, дека станува збор за прашање од заеднички општ интерес.
Сведоци сме колку погрешните политики можат да бидат штетни за населението, особено по малите места. Ние сметаме дека отворањето на рударски комплекс ќе биде погубно за иднината на општина Валандово. Референдумското прашање за или против рударски комплекс, според нас е прашање да се биде или не за Валандово. Ова е прашање кое не може да биде затворено од неколку луѓе зад затворени врати, затоа што Валандовската котлина, климата и еколошки чистата средина ни е дадена од генерациите пред нас, но ни е позајмена од генерациите кои доаѓаат“, се вели во соопштението на граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“.

поврзани објави

Последни објави