Владиката Пимен, на својот фејсбук профил испрати порака до верниците по повод вчерашниот апел на Македонската православна црква, да не се палат бадникарски огнови, а собраните дрвја да се донираат на сиромашните семејства, обвинувајќи ги владиците дека ја нарушуваат долгогодишната традиција меѓу народот на овој ден.
Отец Пимен, во својот фејсбук статус, им порача на верниците да не палат огнови, туку да ги спалат нив (мислејќи на претставниците на црквата) на клада, ако им е така полесно. Во своето излагање на социјалните мрежи, тој прашува зарем свештениците и владиците се тие кои ќе кажуваат како да се слави Бадник и што знаат тие што е тоа исправна вера?
Ова е автентичниот фејсбук статус на Владиката Пимен, пропратен со фотографија од свештеник кој го палат врзан за дрво.
„Не палете огнови, нас спалете нè на клада чим ви е полесно. Кои сме ние да ви кажеме како да славите Бадник? Шо знаеме ние што е исправна вера? На толку џипови и скапи коли нас ќе не слушате“?