fbpx
17.8 C
Skopje

Макрон: ЕУ треба да се реформира за да не биде соочена со Фрегзит

АКТУЕЛНО

Кандидатот за претседателските избори во Франција, Емануел Макрон изјави дека Европската унија треба да се реформира за да не биде соочена со Фрегзит.

„Јас сум проевропеец и во кампањата постојано се залагам за европската идеја и европската политика бидејќи верувам дека се многу важни за францускиот народ и за местото на земјата во глобализацијата“, посочи Макрон за Би-Би-Си

Тој додаде дека „треба да се погледне вистината во очи и да се слушнат луѓето, кои денес се исклучително гневни и нетрпеливи“.

„Не треба ЕУ да продолжи да функционира на тој начин“, истакна Макрон.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -