fbpx
-4.2 C
Skopje

Хојт Ји: Талат Џафери е претседател на Собранието, потребно е формирање нова влада

АКТУЕЛНО

За заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји нема никакви дилеми околу тоа дека Талат Џафери е претседател на Собранието, дека собраниското мнозинство има одговорност да формира нова влада и дека за сите дилеми политичките лидери треба да расправаат во Собранието.

Хојт Брајан Ли рече дека има впечаток дека сите политички лидери се свесни за сериозноста на ситуацијата и дека треба да ја преземат одговорноста за смирување на ситуацијата и за преселување на дебатата во законодавниот дом.

Тој, во името на САД, најостро го осуди инцидентот во Собранието и кукавичкиот напад врз пратениците за време на изборот на новиот спикер, г. Талат Џафери. Тој повика темелно истражување на целиот случај и побара виновниците да одговараат.

„Особено сме загрижени поради насилните и кукавички напади откако парламентарното мнозинство го избра новиот парламентарен спикер. Многу е важно политичките лидери да најдат начин да ѝ стават крај на кризата во земјата.Многу е важно лидерите да најдат начин да му дозволат на мнозинството во парламентот да предложи влада и владина програма“, рече Ји.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -