fbpx
15.8 C
Skopje

Ердоган: Турција ќе одржи референдум за членство во ЕУ

АКТУЕЛНО

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган  изјави денеска дека неговата земја на референдум ќе одлучи за членство во ЕУ.

Ердоган во интервју за индиска телевизија ја обвини ЕУ дека не е „ниту искрена, ниту чесна“ и ја остава Турција да чека пред нејзините врати.

„Турција ќе одлучува за тој евроинтеграциски пат на референдум, како Брегзит“, истакна Ердоган, кој престојува во посета на Њу Делхи.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -