fbpx
1.8 C
Skopje

Трета недела штрајк со глад на стотици Палестинци во затворите во Израел

АКТУЕЛНО

Се зголемува поддршката за штрајкот со глад на стотици Палестинци во затворите во Израел. Во Западниот Брег има и демонстрации на кои познати личности од арапскиот свет пијат солена вода во знак на солидарност со затворениците кои штрајкуваат со глад.

Тоа е еден од најголемите протести во последните години за подобри услови во израелските затвори.

Денеска, на 15 ден од почетокот на штрјакот со глад, бројот на затвореници се намали на 870, а претходно штрајкуваа 1.300 затвореници.

Штрајкот со глад е организиран од Марван Баргути, кој е осуден на пет доживотни казми. Баргути е во затвор од 2002 година, а според анкетите е најпопуларна личност меѓу Палестинците.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -