Собранието на Косово и изгласа недоверба на Владата на премиерот Иса Мустафа.
„Ова е политички памфлет насочен за дестабилизација на Косово, создавање недоверба во институциите и создавање институционален вакуум“, изјави косовскиот премиер.
Барањето за гласање недоверба на Владата го поднесоа од Иницијатива за Косово со поддршка на Алијансата за иднина на Косово и Самоопределуавње, како и 12 пратеници од редовите на партиите од власта. За соборување на Владата гласаа и пратеници на Демократската партија на Косово, на шефот на државата Хашим Тачи.