fbpx
-5.2 C
Skopje

Груевски: Во 1996 година во еден ден СДСМ назначи 600 судии во Парламентот без присуство на опозицијата

АКТУЕЛНО

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска беше во посета на Кратово каде во изјава за медиумите го обвини Заев и СДСМ дека сакаат да извршат притисок и да ги заплашат судиите и потсети како СДСМ во 1996 година назнаучувале судии по партиска линија или по одлука на партиски штаб.

„Многу е јасно  и од авион се гледа дека идејата е да се направи прво заплашување на судиите, а веројатно  во глава има некаква промена со цел да се заштити себеси од постапките коишто се водат против него. Под плаштот дека сака да направи реформи сака во најмала рака да ги заплаши судиите,  а доколку има некаква можност да направи некакви промени за неговите пријави коишто се полни со докази да останат нерешени или пак да бидат решени во негова полза“, изјави Груевски

„Во 1996 година во еден ден назначија 600 судии во Парламентот  во услови кога опозицијата не беше во Парламентот.  Во еден ден сите 600 судии беа изгласани исклучиво по партиска линија, по ургенции  на партиски луѓе или одлука на партиски штаб. Потоа во 2002 година дојдоа на власт по четири години во опозиција, извршија брза измена на Законот за судски совет, го сменија Судскиот совет и започнаа нова тура притисоци и партизирање на судството кое што го направија крајно партиско. Сега зборуваат повторно за некакви нови промени на судиите инспирирани од желбата да се сопрат  постапките што се водат против нив. И како второ да завледеат повторно со судството од партиска позиција. Тоа не смее да се случи во Македонија“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -