Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во Белата куќа во Вашингтон за средба со американскиот претседател Доналд Трамп.
Трамп го прими Лавров во Овалниот кабинет – ретка можност за прием на политичка фигура која не е шеф на држава.
Лавров пристигна во Белата куќа во драматичен момент за американската политика, бидејќи само неколку часа претходно Трамп го разреши шефот на ФБИ, Џејмс Коми.
Претходно Лавров рече дека за средбата меѓу Трамп и Путин потребна е добра подготовка.