fbpx
2.8 C
Skopje

Средба Џафери – Сибил Сутер Тејада

АКТУЕЛНО

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска оствари официјална средба со амбасадорката на Швајцарската конфедерација во Република Македонија, Сибил Сутер Тејада.

Амбасадорката Тејада на Џафери му честитала за изборот на функцијата и му поскала успешен мандат. Таа изразила надеж дека, како што стои во соопштението, по политичката криза наскоро, на демократски начин, ќе се реетаблираат државните институции, како следна фаза во стабилизирањето на земјата.

Амбасадорката ја подвлекла натамошната подготвеност на Швајцарската Конфедерација активно да продолжи со проектите во Република Македонија, особено со Собранието на Република Македонија, каде во Парламентарниот институт има директна финансиска и стручна улога во неговите активности. Исто така, информирала за новиот проект кој ќе има за цел да го опфати целото Собрание, за што дополнително ќе се разработат фазите, носителите и севкупните активности за неговата реализација.

Претседателот на Собранието, пак, изразил благодарност за големата помош и поддршка од Владата и Парламентот на Швајцарската Конфедерација во градењето и унапредувањето на демократските капацитети на Република Македонија и особено на Собранието, при што изразил надеж дека тој континуитет ќе се задржи и во иднина.

„Двајцата соговорници разменија согледувања и очекувања и за немилите случувања од 27 април во највисокиот дом на граѓаните, за актуелната политичка состојба во Република Македонија, за следните чекори поврзани со формирањето на нова влада како израз на парламентарното мнозинство, потоа за актуелната правна ситуација поврзана со распишување на локални избори (и во контекст на веќе започнатите проекти на општините со швајцарската Влада), како и за улогата на претседателот и на целото Собрание во оваа постапка согласно Уставот и законските одредби“, се вели во соопштението.

Верувајќи во натамошната соработка, се додава, особено поради тесните човечки врски што двете држави ги имаат со децении наназад воспоставени преку бројната македонска дијаспора која живее, работи и реално придонесува во економскиот и социјалниот живот во Швајцарија, соговорниците изразија очекувања дека тесната, срдечна и пријателска соработка меѓу двете држави ќе продолжи со несмалено темпо и во следниот период.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -