6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Леви: Србија повторно живее под режим кој што сега има ново име – демократура

Францускиот филозоф, писател и режисер Бернар Анри Леви изнесе низа обинување на смета на српското општество, демократијата, медиумите и претседателот.

Леви беше нападнат со торта од страна на една демонстрантка по проекцијата на неговиот филм кој што се прикажуваше како дел од фестивалот Белдокс.

Со повиците „Убиец, напушти го Белград“ и „Овој гад се залагаше за бомбардирањето на Југославија, осум години пред интервенцијата на НАТО“, три лица, кои што се претставуваа како претставници на СКОЈ, го прекинаа неговото обраќање.

Благодарение на посетителите спречена беше и физичка пресметка помеѓу еден од напаѓачите и Леви.

– Вие, српски пријатели, се уште живеете под режимот кој што сега се вика со ново име – „демократура“, односно диктатура која што користи општи избори и привид на демократија за да го потчини цивилното општество и да го изгасне стремежот кон слобода, рече Леви на Белдокс, каде што учествува со два филма.

На трибината посветена на насилството во политиката во Културниот центар Белград се обиде да ги појасни своите изјави за војната во Босна и Херцеговина и бомбардирањето на Србија.

– Некаде треба да се започне војна за цивилите да се спасат од војна, рече Леви, со паралела дека слична ситуација била и во Втората светска војна, кога, како што рече, нашите претци во еден момент рекле „доста“ на германската окупација, бидејќи сфатиле дека ништо нема да постигнат со дипломатија.

На прашањето што би се случило доколку некој од Србија во Париз заговара бомбардирање на Франција, Леви рече дека тој никогаш не бил за бомбардирање на Србија, туку за отстранување на Слободан Милошевиќ од власт.

Денес, рече, Србија повторно го има Милошевиќ: „ВО Србија луѓето уживаат вистинска слобода, но Милошевиќ е уште на власт: Милошевиќ на бис, Милошевиќ ‘минус 20’ и Милошевиќ без војна“, рече Леви.

„Вашиот претседател го саботира соочувањето со минатото и ужасите во Босна, етничкото чистење на Косово и медиумската манипулација со граѓаните на Србија. Истовремено, вашиот претседател тврди дека е европеец и дека сака Србија да влезе во ЕУ. Европјаните ја играат таа игра, вклучувајќи ја и Франција и без приговор ги земаат здраво за готово тие изјави“, продолжи Леви.

Тој додаде дека веќе еден век постои истата перцепција за Балканот: немирни народи склони кон проблеми и војна, а помалку склони кон демократија и заслужуваат само господар кој што ги чува,

„Некоја мешавина од Виктор Орбан и Реџеп Тајип Ердоган“, смета Леви.

Францускиот филозоф напомена дека е во Белград за да искаже солидарност со своите пријатели – режисерот Горан Марковиќ, писателот Филип Давид и новинарите на Време и Данас.

„Сите мои пријатели се во состојба на отпор и денес, баш како што беа и кога започна војната во Југославија. Европа треба да им помогне ним“ рече Леви.

За идните проекти тој кажа дека планира да снима филм за демократските процеси во Србија.

Директорот на Белдокс, Младен Вушуровиќ му се извини на Леви поради инцидентот.

поврзани објави

Последни објави