-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Египетските археолози открија 17 мумии

Египетските археолози откриле 17 мумии во катакомбите во провинцијата Минја, јужно од Каиро, соопшти денеска Министерството за антиквитети. Пронајдовме катакомби со голем број мумии во нив изјави Салах ал Коли, професор по египтологија од Универзитетот во Каиро, кој го предводел истражувањето во областа Тоуна ел Габал.

Во ископините се пронајдени 17 мумии, кои немале кралско потекло.

Коли на прес-конференцијата одржана во пустина во близина на археолошкото место изјави дека откритието претставува „првиот човечки некропол пронајден во централен Египет со толку многу мумии“

поврзани објави

Последни објави