11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ЛДП: Иванов во иднина да престане со несмасните изјави

„Либерално-демократската партија со голема индигнација и срам ги проследи навредите на Претседателот Ѓорѓе Иванов упатени кон Амбасадорот на СР Германија во Р.Македонија, Г-ѓа Кристин Алтхаузер. Во неговото интервју на една од провладините медиуми истакна дека “амбасдорката на Германија испраќала лажни информации за состојбите во РМ“ и дека „нејзиното ниво е навреда за земјата“.

ЛДП смета дека ова е прв пат во историјата на македонската дипломатија еден претседател на државата да упати такви големи и непресметливи навреди за амбасадор од една од најмоќните држави во Европа и пошироката меѓународна заедница. Навредливите зборови на Иванов се навреда и за канцеларката Ангела Меркел, но и за народот на Германија, инаку една од најблиските економски и политички партнери на Р.Македонија.

Овој непромислен и вулгарен истап на Иванов не е прв кога се работи кон критикувањата на државите на ЕУ и САД. Тој уште еднаш го покажува анимозитетот кон Европа и европските вредности, несвесен дека и натаму е најголем фактор на нестабилноста во Македонија и регионот.

ЛДП апелира до претседателот Ѓорѓе Иванов во иднина да престане со ваквите несмасни изјави и за промена, сериозно да ѝ пристапи на функцијата Претседател на Република Македонија“, се вели во реакцијата на ЛДП по повод квалификациите на претседателот Иванов на сметка на Германската Амбасадорка во Р. Македонија, Н.Е. Кристин Алтхаузер .

поврзани објави

Последни објави