fbpx
28.8 C
Skopje

Локалните избори во Хрватска можат да и ја определат националната иднина

АКТУЕЛНО

Хрватите денеска (21 мај) гласаат за локални органи на власта, но овој пат ова гласање го надминува локалното и добива генерално значење. Од него, ќе зависи дали актуелната владејачка гарнитура во Хрватска ќе остане на власт во коалиција со некоја од другите партии или ќе загуби уште повеќе влијание и земјата ќе се соочи со натамошни предвремени парламентарни избори.

Гласањето денеска се одржува во услови по серијата скандали кои ја потресоа хрватската политичка сцена. Последниот од нив беше распадот на владејачката коалиција меѓу ХДЗ и либерално – реформистичките партии МОСТ. Постои и поделба внатре во ХДЗ.

На 27 април премиерот Андреј Пленковиќ разреши четворица министри од МОСТ, кои претходно побараа оставка на министерот за финансии, Здравко Мариќ од ХДЗ. Според нив, тој е одговорен за случајот „Агрокор“. Во знак на протест лидерот на МОСТ Божо Петров најави оставка како претседател на парламентот и излегувањето на партијата од владината коалиција.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -