3.8 C
Skopje
Tuesday, January 21, 2025

Ердоган ќе биде нов партиски лидер на АКП

Ердоган поднесе оставка на местото лидер на АКП по изборот за претседател на Турција, бидејќи Уставот тогаш не доволуваше шефот на државата да извршува и партиски функции, но со уставните измени таквото ограничување е укинато.

– Ќе продолжиме да работиме заедно и ден и ноќ, изјави Ердоган при пристигнувањето во салата „Арена“ во Анкара, каде се одржува Конгресот на АКП, обраќајќи се кон десетиците илјади негови подддржувачи.

– Без запирање. Сега ќе продолжиме кон изборите во 2019 година, додаде Ердоган.

Се очекува на денешниот Конгрес, покрај новиот партиски лидер, да бидат усвоени и насоките за работа на АКП до следните избори во 2019 година. Предвидено е да се изврши и измена во Статутот на партијата со што ќе се воведе функцијата заменик-претседател, на кој ќе биде избран досгешниот партисли лидер и актуелен премиер Бинали Јилдирим.

Во новиот Статут на партијата се предвидува и вклучување на мотото „еден народ, едно знаме, една татковина, една држава“, кое симболично се изразува со подигната рака со исправени четири прста и свиткан палец.

поврзани објави

Последни објави