fbpx
4.8 C
Skopje

ВМРО НП со повик до младите со вмровска идеологија

АКТУЕЛНО

Република Македонија во сите нејзини историски периоди била тесно и директно поврзана со историското, исконско, изворно ВМРО. Незаменливото ВМРО кое што придонело многу за борбата кон опстојување и излегување од канџите на окупаторот а потоа дефинирање и развивање како самостојна држава со свои симболи и обележја. Во целиот тој процес ВМРО било подржано, водено од млади луѓе со силна и јасна идеологија. Идеологијата на изворното ВМРО.

Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија како младинска организација на ВМРО-Народна партија отсекогаш се засновала на вистинските идеолошки принципи на ВМРО, на нивно почитување, презентирање и промовирање преку нејзините активности и настапи години наназад.
Затоа, доколку сметаш дека во изминатиот период ВМРО е загрозено, ВМРО во Македонија е надвор од своите принципи и идеали, владеачката партија во изминатите 11 години ги измести границите на десничарското делување и водење на политики во Македонија, ВМРО е маргинализирано и измешано во некој коктел со YU состојки,

Унијата на млади сили објавува јавен повик до сите млади луѓе во кои има љубов кон Македонија и ВМРО и сметаат дека младите треба да останат овде и да придонесуваат и да ја создаваат својата иднина и иднината на своите најблиску да се вклучат активно во работењето и делување на УМС на ВМРО-Народна партија.
Испратете ги вашите лични податоци:
Име и презиме, место на живеење, контакт телефон, образование, и кратко CV (во делот “Коментар”).
Овој повик е за сите оние кои што сметаат дека е време за промени но исто така е време за враќање на идеолошкото ВМРО и идеологијата од 90-те која што ние како партија и нашиот лидер Љубчо Георгиевски никогаш не ја напуштивме и предадовме.

Сметаме дека имаме визија и моќ да се избориме за подобра иднина, затоа Ве повикуваме да се вклучите во работата на структурите на УМС на ВМРО-Народна партија ,заеднички и здружено да ги надминеме проблемите со кои се соочуваат младите и да обезбедиме подобро општество и подобра иднина за сите млади во Република Македонија.

Апликацијата можете да ја пополните ОВДЕ

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -