7.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Села: На 27 април беше извршен атентат врз Албанците во Македонија

Претседателот на ДР-ДПА, Зијадин Села денеска на прес-конференција рече дека на 27 април се случил политички атентат врз барањата на потребите на Албанците во Република Македонија.

Ние сме за ново владеење, владеење кое ќе биде во интерес на граѓаните, владеење кое ќе биде праведно и кое нема да ги дели граѓаните по етничка и политичка основа. Владеење кое ќе ја врати надежта дека во Република Македонија може поинаку, може подобро, рече Претседателот на ДР- ДПА, Зијадин Села кој за прв пат по немилиот настан во Собранието излезе пред јавноста.

„Ние како политички субјект ги преточивме потребите на Албанците во Македонија во политички барања. На 27 април со атентатот до некаде успеаа да не убијат, но пак се реинкарниравме и се вративме на политичката сцена во Република Македонија. Заедно со сите други политички субјекти ќе продолжиме со барањата за потребите на Албанците во Македонија за да го продолжиме овој наш пат и нормално се враќаме уште појаки на политичката сцена,“ вели Села.

поврзани објави

Последни објави