fbpx
-0.2 C
Skopje

Србов: Само ВМРО-ДПМНЕ носи независни одлуки, без прифаќање на надворешни диктати

АКТУЕЛНО

Од она што го следам и препознавам денес, од сите 4-5 поголеми партии, само ВМРО-ДПМНЕ носи независни одлуки за стратешките национални прашања. Можеби не за се, но за клучните национални и државни прашања самостојно носи одлуки, без прифаќање на надворешни диктати, пишува на својот ФБ профил политичкиот аналитичар и член на организацијата „Стоп операција Сорос“, Никола Србов.

Тоа е причината поради што не е омилена надвор. Тие би сакале да ги слуша за се, и за името, и за идентитетот, и за уредувањето на државата, двојазичноста, закони со кои однадвор би не раководеле според нечии други интереси. За клучните прашања ова раководство на ВМРО има суверенистички пристап. Сака суверено да одлучува, во дослух со народот и интересите на Македонија.
Во вака мала земја тоа многу им пречи на големите сили, но и на поголемите соседи. Би сакале да го нема ВМРО и се да е поинаку.
Во периодот помеѓу двете светски војни ВМРО е поделено. Сите се борат за Македонија, но со различна идеологија, и различен пат, методи, сојузници и најважно силно спротивставени меѓу себе.

Популарно наречена – Левицата, федералистите, кои биле класно ориентирани кон комунизмот и кон Русија(СССР) на терен се многу послаби од десницата предводена од Тодор Александров, особено по државниот удар и убиството на премиерот на Бугарија Стамболиски, кого го ликвидираше ВМРО на Александров заедно со министрите за внатрешни и надворешни работи. ВМРО на Александров во тоа време биле најсилната револуционерна организација во Европа, но непосакувани заради повеќе работи, меѓу кои и суверенизмот во одлуките. Левицата ја следи коминтерната и добива помош од СССР, кој пак се обидел и Александров да го привлече во своите цели, кому и Англија и Сад и Бугарија му откажале поддршка. Србија (СХС) го бара да го убие, а Бугарија заради меѓународниот и директен притисок од кралството СХС му откажува. Притиснат од сите страни, под сериозна закана за опстанокот, во екстремно тешка ситуација го прифаќа мајскиот договор, спонзориран од СССР, во кој има многу работи кои ги прифатил од немајќи каде.

СССР тогаш се паралела за чадорот денес. Александров побарал да не се објави одреден период овој договор за да го подготви членството . Ветено му е и намерно е објавен и брзо потоа е убиен. Сите имале мотив да го нема меѓу живите. И Бугарија која во минатото го помагала, и заради притисокот од СХС и затоа што со мајскиот договор прифатил дека ќе се бори за паѓање на бугарската влада, и СССР кои не му верувале, и левицата чии главен опонент бил и дел од неговите најблиски соработници, меѓу кои и Михајлов. Британците претходно го одбиле за поддршка, а амбасадорот на САД не ни сакал да се сретне со него. Србите го барале жив или мртов, а слично би поминал и во Грција. Неговата цел била автономна Македонија. Автономија е стадиум пред независност.
Тоа била неговата борба.

Со убиството на Александров и доаѓањето на Михајлов, завршил периодот на независно носење на одлуките на моќната и со силна народна поддршка ВМРО автономистичка, со што најмногу загубил македонскиот народ. Со доаѓањето на Иван Михајлов и ново раководство веќе почнува етапа во која за главните нешта се решава заедно со бугарската влада и политика и почнува масовна чистка со ликвидации во сопствените редови на сите кои не се согласуваат со новото раководство.
Тогаш и сериозно се намалува поддршката на ВМРО од населението, па така од четничка организација, со организирани бројни и масовни чети на комити, се претвора во терористичка за чие дејствување не треба масовност.

По 10 години, истата Бугарија го забранува ВМРО по убиството на кралот Александар за да ја задоволи Србија (СХС).
Поуката е дека кога главниот субјект кој се бори за Македонија ќе ја загуби независноста во носењето на одлуките, се тргнува на лошо. Почнува со губење на народната поддршка, губење на планираната цел (тогаш независност, а денес опстанок на државата), и на крај пропаѓање од оној на кого си му служел.
Во овој момент од сериозно организираните структури, од големите партии, само ВМРО-ДПМНЕ за националните прашања самостојно носи одлуки. Сите други СДСМ, ДУИ, БЕСА, ДПА одат да прашаат како да мислат за се што е важно. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ја има најголемата поддршка и затоа е важно да биде силна и на власт. ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ ИСТОРИЈАТА!

https://www.facebook.com/srbov/posts/1807329412640795?pnref=story

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -