5.8 C
Skopje
Thursday, December 12, 2024

ФОТО: Рама на премиерската вечера облечен како да тргнал во кафеана

Федерика Могерини, високата претставничка за надворешна политика синоќа во Брисел ги пречека премиерите од Балканските држави на вечера, меѓу кој беше и албанскиот премиер Еди Рама.

Многу дипломати, но и медиуми ги изненади несериозниот изглед на премиерот на Албанија Еди Рама, кој на состанокот дојде облечен како за прошетка во град.

Можеби албанскиот премиер поканата за неформална вечера од страна на Могерини ја сфатил буквално, па и неформално се облекол на состанокот за кој се разговараше за сериозни теми кои се однесуваат на безбедноста и развојот на земјите од Западен Балкан.

Додека останатите учесници, меѓу кои беше и идниот премиер на Република Македонија, Зоран Заев, дојдоа онака како што им доликува, Рама во Брисел пристигна во патики, тренерки, сако и маица со принт. Ваквиот потег на Рама, на социјалните мрежи е окарактеризиран како непочитување на Европските институции и домаќините кои го поканиле на средбата.

поврзани објави

Последни објави