8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Заев: Пораките од синоќешната премиерска вечера ќе значат охрабрување за граѓаните од регионот

Зборувавме за отворени билатерални прашања кои што постојат во регионот, да не биде пречка за идното унапредување на земјите кон ЕУ. Ваквите пракси се најавени како една редовна потреба на состаноци на премиерите од Западен Балкан со високи претставници на ЕУ, посебно со г-ѓа Могерини, рече Заев.

Се разговараше за поголемото внимание, посериозната фокусираност на Европската унија кон Западен Балкан што за нас е само обврска повеќе да работиме на европските перспективи преку реформите, преку градење на пријателства во регионот и секако исполнување на условите за полноправно членство во Европската унија, истакна тој.

Пораките кои беа испратени синоќа од заедничката вечера на земјите од западен Балкан, според Заев, ќе значат сериозно охрабрување за граѓаните од целиот регион.

Според претседателот на СДСМ, кој на овој состанок беше поканет како „определен за премиер“, Европската унија има причини повеќе, а треба и земјите од Зпааден Балкан да и даде дополнителни причини за ако сакаат дефинитивно таа заложба на Високата претставничка на ЕУ, а и на целата Европска унија кон Западен Балкан да биде исполнета.

Инаку, во кусото соопштение што го издаде по оваа неформална вечера на пет балкански премиери плус Зоран Заев во Брисел, Федерика Могерини посочи дека тие разговарале „за патот напред за европската перспектива на регион во ЕУ“.

Сите присутни ја потврдија својата целосна посветеност да се продолжи да се работи на процесот на интеграција во Европската унија, како што беше потврдено од страна на ЕУ во Самитот на Европскиот совет во март 2017 година. Тие ја потврдија својата решеност и силен заеднички интерес за зајакнување на соработката и доведување во врска со конкретни резултати за животот на граѓаните од регионот. Тие ја истакнаа својата посветеност на добрососедските односи и продлабочување на регионалната разбирање, преку меѓусебно почитување и соработка. Ги охрабрувам премиерите на шесте земји да ја забрзаат потребната работа, со цел да се задоволат очекувањата на нивните граѓани и да се доближат земјите до Европската унија, истакна Могерини во соопштението по овој неформален состанок.

поврзани објави

Последни објави