fbpx
0.8 C
Skopje

Илјадници британски војници со најсовремено оружје низ улиците на Лондон

АКТУЕЛНО

Над илјада британски војници опремени со најсовремено оружје, се распоредени низ улиците на Лондон и другите градови во Велика Британија, како една од мерките на Владата на Тереза Меј во „војната против теророт“, што таа ја покрена по терористичкиот напад во понеделникот доцна вечерта во Манчестер.

Војската е распоредена како дополнување на полицијата, иако засега не се знае, која и каква ќе биде улогата на армиските сили во безбедносната ситуација која се означува како „критична“, што значи дека Велика Британија се наоѓа во „непосредна опасност“ од нов терористички напад, кој би можел да се случи секој момент.

Војниците засега ја чуваат зградата на британскиот Парламент, кралската Бакингамска палата, Даунинг стрит 10, каде е седиштето на Владата и службената резиденција на британските премиери, но се размесетени и на сите значајни локации и местата каде се собираат многу луѓе.

Од безбедносни причини, забранети се сите посети на зградата на Парламентот, суспендирани се традиционалните смени на гардистите пред кралската палата во центарот на Лондон, а откажани се и „шампионските паради’ на фудбалерите на Челзи низ лондонските улици и на Манчестер Јунајтерд по освојувањето на Европскиот куп.

Објавувањето „војна на теророт“, со прогласување критично ниво на закана од терористички напад е трет ваков случај во поновата историја на земјата.

Првпат тоа се случи во 2006 година, кога беше откриен заговор за планирано соборување на патнички авиони на летовите од Европа кон САД и Канада.

Вториот случај кога безбедносната ситуација беше прогласена за критична, беше во летото во 2007 година во текот на бомбашкиот напад врз аеродоромот во Глазгов, откако истиот ден беше спречен и терористички напад во центарот на Лондон.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -