fbpx
28.8 C
Skopje

ФОТО: Бошковски оствари средба со францускиот амбасадор Тимоние

АКТУЕЛНО

Претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски придружуван од потпретседателот Кратовалиев и неговата Екселенција г. Кристијан Тимоние разменија мислења и ставови поврзани со актуелните политички и општествени случувања во Република Македонија.

Претседателот Љубе Бошкоски ги истакна принципиелните ставови на Обединети за Македонија за потребата за влез на Репулика Македонија во ЕУ и НАТО но и за безусловната поддршка која Обединети за Македонија ја дава на новоформираното парламентарно мнозинство, како и за заложбите на Обединети за Македонија за враќање на демократските процеси во земјата.

Претседателот Бошкоски изрази благодарност за сестраните заложби на Република Франција, и особено на неговата екселенција, г. Тимоние за стабилизирање на состојбите во Република Македонија во изминатиот период од две години, соопштуваат од Обединети за Македонија.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -