fbpx
2.8 C
Skopje

Трамп: Честитки за Макрон, тој постигна огромна победа

АКТУЕЛНО

Американскиот претседател Доналд Трамп го пофали францускиот колега Емануел Макрон на нивната прва средба во Брисел, честитајќи му ја изборната победа.

– За мене е голема чест да бидам со новоизбраниот претседател на Франција, кој спроведе неверојатна кампања и постигна огромна победа. Насекаде го кажувам тоа. Ние имаме многу прашања за разгледување, вклучувајќи го тероризмот. Честитки. Чудесна работа, истакна Трамп за време на работниот ручек со Макрон во Брисел.

Макрон, исто така, нагласи дека со Трамп ќе разговараат за многу теми, како што е борбата против тероризмот, економијата, климатските промени и енергетиката.

Двајцата лидери се сретнаа во резиденцијата на американскиот амбасадор во Брисел.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -