5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

СДСМ: Милошоски на кого и што зборува, граѓаните избраа промени и нова Влада!

СДСМ со реакција на повикот на членот на ИК на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски, за оставка на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Над 612.000 граѓани избраа промени на парламентарните избори. Мнозинството граѓани порачаа дека сакаат живот и Влада што ќе се грижи за нивните потреби. Граѓаните знаат дека досегашната 10-годишна власт ги остави без патишта, водоводи, канализации, струја. Последица од тие штетни политики се заглавените семејства по завеани патишта, села и градови и големиот ризик Македонија да остане и без струја на големиот студ од минус 20 степени во земјава. И сега што зборува Антонио Милошоски кој беше дел од таа неодговорна власт? И од која позиција зборува Милошоски кој го остави Никола Груевски и стана нотар. Граѓаните кажаа дека заврши времето за несериозни политичари како обвинетиот Никола Груевски и соработникот Антонио Милиошоски кој по лична потреба е политичар, а по потреба нотар. Ете затоа е неопходна нова одговорна Влада на граѓаните на Република Македонија“, стои во соопштението објавено на официјалниот сајт на СДСМ.

поврзани објави

Последни објави