5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Кастрација

Пишува: Атанас Величков

Момците и девојките од Хелзиншкиот комитет начело со прекрасната Уранија Пировска, можат комотно да ми опнат една тужба за ширење на говор на омраза, ако случајно овој „фашистички“, „контроверзен“ и антипедофилски текст стигне до нивните очи.

Вчера сосема случајно налетав на колумна чиј автор барем за мене стана познат со една интересна фотосесија насочена против загадувањето на градот Битола. Јас како еден темен балкански субјект не дека ептен се разбирам од перформанси, ама начинот на кој беше изведен протестот ми се допадна. После тоа, истиот тој автор го видов во едно видео на иницијативата „Прав(д)а за сите“. И замислете неговото излагање околу проблематиката со која се бави како „активист за човекови права“ ми беше симпатично. Сепак имам разбирање кон „активистите“ тие секогаш ги забораваат обврските, бидејќи секој човек (па макар бил тој циган, припадник на сексуално малцинство или пак хардкор феминистка ) освен права има и обврски.

И така… Брзам да се согласам за едно нешто со авторот во однос на казните за педофилите: „ Воедно, бидејќи тие се полнолетни и возрасни лица, „казните“ кои за нив ги избираат се повеќе од ужасни.“
Казните се ужасни навистина… Јас лично не знам за педофил кој лежел повеќе од 2 години затвор за делото што го сторил. Вчера уз муабет со една моја драга колешка од студентските денови (со различни сфаќања од моите) спомнав дека за прашањата отворени во колумната на авторот „ја не би дебатирал туку би кастрирал“.

Јас отворено повикувам на кастрација за педофилите. Можете слободно да ме тужите за тоа. Дури инсистирам да станам објект на тужба. Така, јас демократот од конзервативен тип ќе се исправам против изобличената претстава за демократијата на дел од „либералите“, па белки малку се освестат.
Знаете ли што ме „уби“ додека го читав текстот за сексуалноста над рационалноста. Ме погоди моментот дека некој ги сфаќа педофилите како „сексуално маргинализирана заедница“. Педофилијата не е нормална појава. Ако хелените пред неколку илјади години си имале неполнолетни момчиња за забава, тоа не значи дека денес чичковците (бидејќи педофилијата е најчеста појава кај мажите) кои пипкаат дечиња и сакаат полово да општат со нив треба да бидат сфаќани како обесправени суштества.

Обесправени се родителите, кои за жал немаат право да го раскостат, чичкото  што го обљубил или силувал нивното дете. Тие се обесправените во случајот, бидејќи, ако таткото реши да му ја скине главата на педофилот, ќе лежи „ко за човек“, а во меѓувреме претставници на организации за човекови права со ментален склоп сличен на менталниот склоп на авторот на текстот (што стана повод за мојот скромен напис) ќе го преплават нетов со муабети од типот дека „монструми што сечат глави на улица не смеат да се мешат во сексуалните „желби“ на нивните деца и мераците на љубителите на деца“.

Ако денес не го кренеме нашиот глас против перфидното протуркување на тезата дека педофилите се сексуално маргинализирано општество, утре ќе се соочиме со огромен проблем. Утре криворазберената демократија и извитоперениот либерализам на одредени „активисти“, кои никогаш во живот не сработиле нешто реално, туку цело време чекаат некој да им пушти некој денар за одреден проект „што демек помогнал во нешто на некого“ , ќе ни се врати како бумеранг.

Јас ќе останам на браникот на нормалноста. Јас не сум модерен. Јас сум неостварен к*рвар. Грд сум и дебел и затоа никако не ми успева да ја изневерам жена ми. Јас ќе горам во пеколот, но ќе останам нормален. Јас нема да напишам и збор против хомосексуалците. Нема да напишам и еден збор против идеите легализацијата на проституцијата и марихуаната. Тоа се работи со кои јас, лошиот десничар, фашистот, конзервативецот, ограничениот, можам да живеам. Јас не можам и нема да живеам со педофили кои ги уживаат правата на сексуално маргинализирани суштества. Јас повикувам на кастрација за тие црви и не сум сам, позади мене стојат илјадници леви, десни, геј, хетеро, асексуални, цигани, Албанци, Турци, Македонци и други нормални луѓе. Тие луѓе се исто така маргинализирани, бидејќи нивната желба за сузбивање на педофилијата останува нечуена со децении.

PS: Порталот што ја објави колумната на господинот „активист“, им направи таква услуга на сите far-right блогови во Македонија што ми доаѓа да се изгазам од смеење. Драги левичари учесници во проектот Антропол, ве молам продолжете вака… Еден ден вашиот неартикулиран либерализам ќе ви грмне во раце… а може и да ве обљуби во самоодбрана.

поврзани објави

Последни објави