Пратеникот од редовите на ДУИ, Бранко Манојловски, побара промена на односот кон хомосексуалците и на нив да се гледа како на нормални луѓе кои се вредни да придонесуваат за општеството.
Хомосексуалците треба да уживаат поголеми права и да се урнат стереотипите кои континуирано се поддржуваат во традиционалните балкански земји, вели Манојловски додавајќи дека има многу пријатели кои се хомосексуалци кои се вредни и чесни.
– Ние не можеме да го измениме тоа што постои, во сите држави, па и кај нас. Сакале или не, тие ќе бидат дел од иднината, дали го прифаќаме тоа или не, рече Манојловски.
Манојловски истакна дека ова е негов личен став и дека не го кажува ниту од името на СДСМ, ниту пак од името на ВМРО-ДПМНЕ или ДУИ. Тој појасни дека не се работи за политичка тактика туку за едно сензитивно прашање на лична определба.
На прашањето дали тој е хомосексуалец, Манојловски одговори дека е хетеросексуалец, кој е оженет и татко на два сина и една ќерка и доколку некое од неговите деца се одлучило да биде хомосексуалец исто би го сакал како и другите.