fbpx
-4.2 C
Skopje

Заев: Потребно е да ги затвориме отворените прашања со Бугарија и да се радуваме кон заедничката иднина

АКТУЕЛНО

Премиерот на Република Македонија Зоран Заев по затворената седница на Комисијата за надворешна политика, каде што пред опозицијата и партиите од албанскиот блок неколку часа го образложуваше нацрт – договорот со Бугарија, рече дека Балканот, Европа и светот споделуваат заедничка историја и дека не треба  да гледаме назад кон минатото, потребно е да ги затвориме отворените прашања и да продолжиме заедно да се радуваме кон заедничката иднина.

– „Договорот за добрососедски односи со Бугарија успешно ја заврши конститутивната фаза на денешната Комисија за надворешни работи. Тука ги слушнавме сите грижи околу него, но и позитивни ефекти. Нашата желба е да го потпишеме овој договор, ниту еден поедниец не одлучува, туку парламентот,“ рече Заев кој изрази надеж дека договорот би можел да биде потпишан на 1 август и тоа во Црна Гора, каде Македонија ќе биде ко-домаѓин на самитот на кој што главен гостин ќе биде потпретседателот на САД, Мајк Пенс.

Дотогаш премиерот на Република Македонија очекува да бидат надминати сите дилеми и прашања кои што ги загрижуваат политичките чинители во земјава. Тој вели дека додека не се стави потпис на договорот, сите опции се отворени.

Заев изјави дека двете држави ќе работат заедно за националните интереси и за европската интеграција.

-Можам да потенцирам, нема дилеми дека се работи за две држави и за два народи. На овој начин отвараме перспектива на градење на добри односи со соседите и стануваме пример за соработка во регионот. Ретки се овие случаи на договор помеѓу две држави кои се договараат сами, а притоа да не одлучуваат политички „тешкаши“, рече Заев.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -