4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Се додека Македонците за Софија се Бугари, договорот за добрососедство е велепредавство

Претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров смета дека потпишувањето на договорт за добрососедство со Бугарија е рамен на велепредавство кон македонскиот народ.

– Софија се уште се занимава со Македонците и со Македонија. Се додека Македонците за Софија се Бугари, а антимакедонизмот е државна доктрина на Бугарија, тогаш договорот за добрососедство со Софија не е ништо друго освен велепредавство, рече Петров.

Тој исткан дека се додека македонскиот јазик за Софија е дијалект на бугарскиот јазик, договорот за добрососедство со Софија не не ништо друго освен велепредавство.

– Тој договор и да биде потпишан никогаш нема да го прифатат Македонците, засекогаш ќе биде ништовен, а СДСМ доколку го потпише ќе биде дел од велепредавството кон Македонија и македонскиот народ во целина – рече Петров.

 

Извор: МакФакс

поврзани објави

Последни објави